Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На дечињата од градинката „Синоличка“ денеска Дедо Мраз им подели пакетчиња. За нив ова е најубав подарок за новогодишните празници. По повод доаѓањето на Дедо Мраз во градинката се одржа и куклена претстава.
Тој донесе многу среќа и задоволство кај сите дечиња. Тие воодушевено го гледаа и сакаа да си играат со него, да пејат и да се сликаат. Пресреќни беа кога слушнаа дека за сите има подароци и пакетчиња - рече одговорната Слаѓана Арсовска.
Децата среќни и задоволни останаа да се радуваат на подароците, додека Дедо Мраз продолжи во другите градинки.