×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Делови од градот повторно без вода

    01.01.2010 15:25 | KumanovoNews

    Изминатите неколку дена, делови од Куманово повторно останаа без вода за пиење. Семејствата во повисоките зони и централното градско подрачје вода имаат само ноќе, додека во текот на денот притисокот е слаб или водата воопшто ја нема.

    Делови од градот повторно без вода

    Граѓаните се револтирани што за новогодишните празниците останаа без доволни количини вода и бараат од надлежните претпријатија веќе еднаш да го решат проблемот со водоснабдувањето.

    Проблемот е во намалениот дотур на вода од Водостпанското претпријатие „Кумановско - Липковско поле“. Наместо 220л/с, колку што е вообичаено за нормално снабдување на градот, деновиве во Филтер станицата се испорачуваат само 150л/с вода. Вината е кај нив, но не знам која е причината. Дали имаат дефект на цевководот или се затворени вентилите, но не сакам да верувам дека се работи за политичка игра - вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Од Водостопанското претпријатие тврдат дека тие не се виновни за проблемот со водоснабдувањето и кажуваат дека испорачуваат доволни количини на вода на ЈП „Водовод“.

    Кумановско-липковско поле испорачува нормални количини на вода, а што се случува со системот на ЈП „Водовод“ ние не знаеме. Ингиренциите на водот со кој се снабдува градот до самиот вентил и вентилот се во рацете на Водовод и ние немаме технички услови да ја затвориме водата - вели Дејан Божиновски, директор на Водостопанското претпријатие Кумановско - липковско поле.

    Од ЈП „Водовод“ велат дека во функција се ставени и пумпите во селата Бедиње и Проевце, од кои се испорачуваат дополнителни 100 л/с вода, но поради зголемената потрошувачка на вода не можат да се задоволат потребите на граѓаните.

    И додека јавните претпријатија си ја префрлаат вината, акумулациите Липково и Глажања преливаат од вода граѓаните на куманово се жедни среде зима.