×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска се слави љубов, вера и надеж

    30.09.2010 08:02 | KumanovoNews

     Малку е познато во јавноста дека и православните христијани имаат ден кога се слави љубовта, но со неа и верата и надежта.

    Денеска се слави љубов, вера и надеж

     Триесети септември се слави како празник посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж или Ден на љубовта. Малку е познато во јавноста дека и православните христијани имаат ден кога се слави љубовта, но со неа и верата и надежта. Во Куманово нема традиција за прославување на овој празник како во другите градови. Во Охрид има црква посветена на светите маченички, каде традиционално се организира прослава за жените со споменатите имиња, а сретствата собрани ги донираат во хуманитарни цели.

    Софија и нејзините ќерки живееле и страдале во Рим, во времето на царот Адријан. Софија останала вдовица и се посветила со своите ќерки во верата Христова.Тогаш започнало нивното прогонување и мачење.Вера имала дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Мачителот ги ставил на големи маки, а потоа им  ги отсекле главите. Софија ги зела мртвите тела на своите ќерки, ги однела надвор од градот и таму ги погребала. Останала на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи го Бога да ја земе во рајските населби, каде што ја чекале душите на нејзините ќерки.

    Овој ден е како традиција која се почитувала со векови наназад и била пренесувана од нашите предци до ден денешен.