×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еднонасочен сообраќај на улиците над Зелениот пазар

    28.09.2010 13:26 | KumanovoNews

     Втората фаза од проектот се реализира во соработка на Општината и СВР Куманово, откако мината година беше спроведена првата етапа во централното градско подрачје.

    Еднонасочен сообраќај на улиците над Зелениот пазар

    Од вчера започна имплементацијата на еднонасочниот сообраќај во периферијата на градот. Втората фаза од проектот се реализира во соработка на Општината и СВР Куманово, откако мината година беше спроведена првата етапа во централното градско подрачје. Од Секторот за урбанизам,комунални дејности, заштита на животната средина и природата, Одделение за комунални дејности воведоа измени на режимот на следниве сообраќајници во градот:

    -улица „Тоде Мендол„,од раскрсницата со булеварот 3-та МУБ до раскрсницата на улицата „Благој Илиев Гуне„

    -улица „Страшко Симонов„ од раскрсницата со улицата „Благој Илиев Гуне„ до раскрсницата со булеварот „3-та МУБ„

     -улица Благој Илиев Гуне од раскрсницата со улицата „Тоде Мендол„ до раскрсницата со улицата „Страшко Симонов„

    -улица „Вук Караџиќ„ од раскрсницатасо улицата „Тоде Мендол„ до раскрсницата со улицата „Страшко Симонов„

    -улица Ѓуро Ѓаковиќ од раскрсницата со улицата „Тоде Мендол„ до раскрсницата со улицата „Доктор Рибар„.

    Воведувањето на еднонасочното одвивање на сообраќајот има за цел да ја зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се пешаците. Од Општината објаснуваат дека потребата од едносачниот сообраќај во градот се наметна поради зголемениот проток на сообраќај на споменатите улици кои во последно време се тесно грло во овој дел од градот.