×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот го честиташе празникот на чевларите

    23.12.2009 15:11 | KumanovoNews

    Во чест на празникот Свети Спиридон денеска градоначалникот организираше прием за  стопанствениците од чевларската индустрија. Триесетина сопственици на погони за производство на чевли во името на градот добија подршка за нивната работа и развој на градот.

    Градоначалникот го честиташе празникот на чевларите

    Куманово е град со чевларска традиција. Во оваа тешка економслка криза, од оваа дејност егзистираат голем дел од нашите сограѓани. Затоа треба заедно да се организираме и градот да го брендираме преку оваа гранка. Постои идеја во Занатчискиот дом да отвориме Музеј на чевларството и заедно со вас ќе ја реализираме - изјави градоначлникот Зоран Дамјановски.

    Во Куманово има околу 50 чевларски погони каде се вработени над 3000 луѓе. Најголемиот дел од работата е за извоз во Западно-европските држави,а се работи по лон-ситемот или полупроизвод. Најголемиот дел од чевларските погони се во рамките на комлексот „Реџиа“ сместени во поранешен ЧИК.

    Условите и разбирањето што ги имаме од сопствениците на „Реџиа“„ се поголеми од самата држава.Покрај тоа што ни обезбедуваат работа имаат разбирање и во однос на плаќањето и со таоа не стимулира повеќе да работиме и да вработиме што повеќе луѓе - велат чевларите.

    Од Здружението велат дека состојбата во чевларството во овој момент е добра, но бараат  од државата олеснувања на давачките. Локалната самоуправа планира да реализира неколку проекти, од кои едниот е музејска поставка експонати кои ќе говорат за развојот на чевларската индустрија.