×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Инспекцијата ги чешла турисичките агенции

    04.03.2010 16:11 | KumanovoNews

    Кумановската полиција во соработка со надлежните инспекциски служби, од вчера поладне започна контрола во туристички агенции во градот за откривање на евентуална поврзаност со организираните патувања во Белгија.

    Инспекцијата ги чешла турисичките агенции

    Според неофицијални информации неколу агенциии биле затворени, а дел добиле парични казна заради неправилности во работењето.

    Началникот на СВР Куманово во интерес на истрагата не даде детали за спроведената рација, но соопшти дека последните неколку дена интензивно работат на откривање на инволвираните лица во транспортирањето на граѓани од кумановско - липковскиот регион.

    Нема никаква инволвираност, на ниту една служба од СВР Куманово или Граничната полиција.

    Добиените податоци од извршените контроли покажуваат нешто друго. Во најкратко време ќе излеземе со конкретни податоци - рече началникот Љубомир Ѓурчевски.

    И додека полиција ги бара организаторите на патувањата, жителите од Липково почнале да се враќаат дома. Десетина семејства пристигнале од Белгија, а 6 деца од вчера тргнале на училиште, објави градоначалникот на Липково.