Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со приход од една милијарда и 115 милиони денари и расход од милијарда и 070 милиони денари, општината Куманово ја завршува 2009 година.Разликата помеѓу приходите и расходите ќе се пренесе како разлика во буџетот за оваа година.
Приходната страна најмногу се полни од даночните наплати, кои минатата година беа реализирани со 85 проценти. Најголем број приходи се остварени преку данокот на купопродажба и данок на имот. Блок дотациите кои општинските буџетски корисници ги добиваат од Владата се реализирани целосно, или 100 проценти. За останатите 15 одсто од даноците кои не се наплатени, Општината ќе преземе законски мерки меѓу кои и блокирање на сметките, вели Ирена Илиевска, помошник раководителот во Секторот за финансии и буџет.
Во однос на потрошените сретства, тековните расходи се реализирани 85 проценти, додека 65 одсто од планираните капитални инвестиции се извршени во 2009 година. Останатите 35 одсто ќе се реализираат оваа година.
Законска обврска на Општините е завршната сметка да се изгласа до 15 март, а треба да биде доставена до Министретвото за финансии до 30 март. Советниците на последната седница ја усвојиа завршаната сметка на буџетот на единицата на локалната самоуправа Куманово за 2009 година, без многу забелешки.