×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Камион згмечи возач од Србија

    12.02.2010 16:37 | KumanovoNews

    Небојша Родиќ (50) возач на камион од Нови Кнежевац, Република Србија, денеска го изгуби животот кога го пригмечил камион на паркингот на бензинската пумпа Детоил во близина на Куманово.

    Камион згмечи возач од Србија

    Несреќата се случила околу пладне, кога возачиот сакал да го сопре камионот што почнал да се движи сам, додека тој не бил во него.

    Додека седев во ресторанот од прозорецот го видов како трча по паркингот, најверојатно  да го запре камионот. Сакаше да помине помеѓу камионите и со рака да ја стисне кочницата или се обиде со раце да го задржи камионот. Но не успеа, и се заврши трагично, камионот го турна и го сплеска на друг камион - вели еден од возачите, колега на починатиот.

    Тој кажува дека останатите возачи се обиделе да го спречат во намерата и му викале да застане и да го пушти камионот да удри, но тој не ги послушал.

    Небојша го запалил камионот да го загрее пред тргнување и излегол од него да се поздрави со колегите. Поради што паркираното возило тргнало само не се знае.

    Со сериозни повреди на главата возачот бил пренесен во кумановската болница од каде јавиле дека подлегнал на повредите. Полициско - судски екипи вршеа увид на местото на настанот и се испитуваат околностите поради кои се случила несреќата.

    Неговите колеги потресени од настанот што се одвивал пред нивните очи не можат да веруваат дека тоа му се се случило на нивниот колега.