×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово подари противпожарно возило на Старо Нагоричане

    08.11.2010 16:52 | KumanovoNews

    Советот на Општината Куманово отстапи едно возило за гаснење на пожар на Општината Старо Нагоричане. Се работи за специјализирано возило за гаснење на шумски пожари на отворен простор со капацитет од 2 тони и е доволно да ги задоволи потребите за интрвенциите во прв момент.

    Куманово подари противпожарно возило на Старо Нагоричане

    Претседателот на кумановскиот Совет денеска го предаде специјалното возило на градоначалникот на Старо Нагоричане.

    На овој начин сакаме да ја покажеме добрата и регинална соработка на двете општини во Севроисточниот плански регион. Ваквото возило е неопходно на Општината Старо Нагоричане, ако се земе во обзир конфигурацијата на теренот што го покрива. На предлог на градоначалнокот ние ја донесовме оваа одлука, но посакуваме возилото што помалку да го користите - рече Виктор Цветковски.

    Градоначалникот Јовановиќ се заблагодари што кумановските колеги нашле можност и начин да ја помогнат помалата, соседна Општина и по добивање на новата опрема издвоиле едно возилото за нив.

    Ова е возило ни е неопходно бидејќи по предизвикување на шумските пожари,ќе можеме веднаш да интервенираме. Праксата покажа дека далечината на Куманово го прави своето, и не може навремено да се интервенира. Ние сме во фаза на формирање на одделение за противпожарна заштита и против пожарно друштво, но соработката со противпожарната единица во Куманово ќе продолжи и понатаму - смета Јовановиќ.

    Од противпожарната Единица Куманово сметаат дека ово возило ќе одговори на потребите на општината Старо Нагоричане и во изминатите две години било најмногу експлоатирано. Протовпожарната единица Куманово ги покрива и општините Липково и Старо нагоричане.