Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Делегација од кумановската локална самоуправа во понеделник заминува во Марибор на дводневна конференција за територијална соработка помеѓу државите од Западен Балкан.
Раководителот на Секторот за меѓународна соработка Горан Митевски и поранешниот градоначланик Слободан Ковачевски ќе го претставуваат Куманово на конференцијата каде ќе учествува и делегација од Министерството за животна средина и просторно планирање.
"На дводневната конференција ќе се разгледуваат потенцијалите, можностите за соработка помеѓу државите и поедините региони"- информира раководителот на секторот,Митевски.
Општинската делегација ќе ја искористи средбата да презнетира и проекти од областа на животната средина.
"Планираме да го предложиме проектот за собирање на отпадни воид од сите рурални места од општината.Бидејќи, сме една од ретките општини која веќе имаат пречистителна станица,се надеваме ,целосно да го заокружиме процесот на собирање на отпадните води"-вели Митковски.
Кумановската делегација патува на покана на министерот за животна средина на Словенија.