Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Донација вредна 480.000 американски долари, пристигна во кумановската болница.Апарати неопходни за гинекологија, хирургија, нервното одделение и друга техничка опрема и материјали ќе ги подобрат услугите на пациентите.
Добар дел од апаратите се наменети за операционата сала. Условите за работа исклучително ќе се подобрат и пациентите ќе добијат подобра здравстевна заштита - вели Ариф Латифи, директор на болницата.
Донацијата мината година ја договори градоначaланикот Зоран Дамјановски, преку организацијата „Медикал Релиф“, по посета на Детроит, САД.
Претходно оваа компанија, по иницијатива на македонско -американската асоцијација ја обезбеди првата донација во вредност од 500.000 долари.Откако нивни членови не посетија и ги видоа нашите потреби организираа нова пратка - рече градоначалникот Дамјановски.
Во обезбедувањето на донацијата големо учество имаше македонско-американското здружение.
Општината Куманово одвои 7.500 долари за транспорт и потребните контејнери за пакување на апаратите и опремата.