×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските напредњаци на прослава во Белград

    09.11.2010 07:52 | KumanovoNews

     Претставници на Српската напредна партија од Македонија присуствувале на прославата на двегодишнината од формирањето на Српската напредна странка во Белград.

    Кумановските напредњаци на прослава во Белград

    При тоа се сретнале со највисокото партиско раководство и се договориле до крајот на годината да се потпише протокол за соработка на сестринските партии и да се воспостави поцврста соработка. Делегацијата ја сочинувале Ѓорѓе Полиќ, претседател на Извршниот одбор, Часлав Јовановиќ и Светислав Гроздановиќ членови на главниот одбор на СНП.

    Самата покана да присуствуваме на Конвенцијата за одбележување на двегодишнината од создавањето на Српската напредна странка во Белград за нас беше чест и задоволство. Самата манифестација покажа дека СНС е најголема партија во Србија, не само како опозициона, туку воопшто. Тоа го покажа и огромниот број на членови и симпатизери, како и големиот интерес на дипломатскиот кор и политичките партии од целиот регион.Ние ја искористивме можноста да поразговараме со раководството ва СНС, пред се со претседателот Томислав Николиќ и заменикот Александар Вучиќ и во таа прилика разменивме мислења за актуелната политичко-економска состојба во Македонија и Србија. Заеднички заклучивме дека состојбата во двете држави е доста слична и неопходни се промени со предвремени избори за да се излезе од тешката состојба во која се наоѓаат овие две соседни и пријателски земји- изјави Полиќ.