Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Туризмот, младите и социјално-економското зајакнување на ранливите групи се главните приоритети на кои ќе работи Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) на Крива Паланка, беше одлучено на форумот на кој присуствуваа челновте на ЛЕСС и повеќе надворешни соработници од институциите што партиципираат во ова консултативно-советодавно тело.
Учесниците на форумот ги одредија и главните активности од приоритетните области ,кои ќе бидат дел од програмата за работа и акцискиот план на ЛЕСС за 2025 година. „ЛЕСС Крива Паланка е формиран со одлука на Советот на Општината, кој има обврска и
одговрност да ги следи нивните препораки предлози и иницијативи за унапредување на социјалниот дијалог и за подобрување на локалната економско-социјална политика. Сите идеи што ќе произлезат од ова тело имаат релевантност бидејќи се донесени преку широка платформа на вклучените страни, односно од страна на претставниците на работодавачите, синдикатите и локалната самоуправа“, истакна Влатко Ристовски, претставник на Советот на Општина Крива Паланка.
ЛЕСС е консултативно-советодавно тело, кое се води начелото на трипартитност и соодветназастапеност на социјалните партнери, со цел да се овозможи рамноправност на сите учесници во локалниот социјален дијалог. ЛЕСС разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до градоначалникот, Советот на општината и други органи за прашања од економско-социјалната
сфера.
ЛЕСС Крива Паланка е формиран во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“, кој го спроведува МКЦ Битола, со поддршка од Меѓународниот центар Олаф Палме од Шведска. Форумот го организира Општина Крива Паланка, во соработка со РЦС Спектар.