×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Македонската армија го слави полнолетството

    17.08.2010 14:58 | KumanovoNews

    Во рамките на одбележувањето на 18. Август, Денот на АРМ, денеска во касарната Боро Менков со сите воени почести се славеше 18 години од постоењето на македонската армија. 

    Македонската армија го слави полнолетството

    Прославата започна со интонирање на химната на Р. Македонија  а потоа со едно минутно молчење војската одаде почит на паднатите борци од втората светска војна како и должна почит кон сите припадници на нашата армија кои ги загубија животите бранејќи го суверенитетот и интегритетот на државата. Армијата нема да отстапи од својот врвен приоритет, зачувување на светскиот мир и интеграција во НАТО и ЕУ- вели генерал мајор Зоран Димов.

    Работејќи макотрпно на промените на структурата на армијата, чекор по чекор, полека но сигурно го надминавме стариот концепт на статична гломазна армија и се трансформиравме во мала мобилна и ефикасна армија способна да се соочи со сите предизвици што ги носи целокупниот спектар на современите воени операции, оспособена рамо до рамо да се носи со другите армии членки во НАТО Алијансата како и со оние кои партиципираат во партнерството за мир. Носејќи ја одговорноста за иднината, мораме да бидеме свесни за аманетот на нашите предци  но и за иднината на нашите деца - порача командантот на Здружената Оперативна Команда, Зоран Димов.

    Командантот на ЗОК во своето обраќање говореше и за учеството на нашата армија во мировните мисии надвор од РМ и за успесите кои нашите војници ги постигнаа во мисии на ИСАФ во Авганистан, АЛТЕА- БИХ, УНИФИЛ во Либан и КФОР на Косово. Во иднина, армијата ќе се ангажира во подготовките на средниот пешадиски батаљон за претстојното НАТО оценување. На прославата на АРМ во  касарната Боро Менков беа доделени награди и пофалници за најзаслужните но и унапредувања на 8 лица во повисок чин. Свечениот собир заврши со традиционалното војничко гравче.