×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На Табановце запленети резервни делови

    02.04.2010 08:52 | KumanovoNews

     На граничниот премин Табановце-автопат, на влез во државата, царинските службеници откриле поголема количина на резервни делови за трактор и машини за шиење.

    На Табановце запленети резервни делови

     При преглед на автомобил со македонски регистарски таблички, кој го управувал македонски државјанин, биле пронајдени 113 резервни делови за трактори  и тоа: контакт брави, перки за ладилник, цевки, црева, стоп-светла и клеми.

    Во вториот случај кај патник од Македонија во автобус со српски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Белград-Скопје, при преглед на патните торби биле откриени 60 резервни делови за машини за шиење BAGAT и тоа: педали, регулатор за брзина, капак за педали и кабли.