×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Несудените азиланти стигнаа дома

    12.03.2010 09:48 | KumanovoNews

     Триесетина жители од Кумановско - липковскиот регион синоќа се вратија дома, откако не успејаа да добијат азил во Белгија. Со автобус во 18 часот пристигнале кај бензинската пумпа на „Макпетрол„ на влезот во Куманово, за да ги избегнат новинарите.

    Несудените азиланти стигнаа дома

     - Луѓето се симнаа на автопатот во Куманово бидејќи не сакаа да зборуваат пред камера.Пријателски беа настроени и патот помина во одлична атмосфера.Од Белгија тргнаа 44 патници и сите се вратени.Немам инфомации дали ќе имаа нова група на патници кои ќе бидат депортирани- вели Мерке Јегер, претставник на белгиска служба за имиграција.

     Роднините кои ги чекаа своите блики членови на семејствата беа вознемирани и револтирани што луѓето не добиле азил, бидејќи голем дел од нив за да обезбедат средства за пат продале дел од имотот.Велат дека луѓето се изманипурани и оштетени.

     За првата група повратници белгиската влада обезбеди финансиски средства за превоз до Македонија и ги покри патните трошоци, а во наредниот период се очекува да бидат депортирани и останатите  што бараат азил, но на сопствен трошок.