×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нормализирано водоснабдувањето во градот

    18.12.2009 23:00 | KumanovoNews

    Се работи за дотраена цевка стара 30 години, која што во програмата на претпријатието ќе се замени во првите месеци на 2010 година и во натамошниот период нема да се случуваат вакви несакани дефекти - рече директорот Виктор Божиновски.

    Нормализирано водоснабдувањето во градот

    Нормализирано водоснабдувањето во градот

    По неколкудневен прекин од денеска водоснабдувањето во градот е  нормализирано. Екипите на ЈП „Водовод„ ги отстраниле дефектите на водоводната мрежа и од ноќеска се испорачуваат доволни количини на вода за потребите на граѓаните.

    Сакам посебна благодараност да изразам до работниците на ЈП „Водовод„ кои 40 часа непрекинато работеа на отстранување на дефектот на главната водоводна цевка, која на четири места  беше пукната - рече градоначалникот  Зоран Дамјановски.

    Одредени делови на градот останаа без вода за пиење откао по перењето на базените и при повторно пуштање на водата се создале воздушни перничиња кои напрвиле оштетувања на слабите точки.

    Се работи за дотраена цевка стара 30 години, која што во програмата на претпријатието ќе се замени во првите месеци на 2010 година и во натамошниот период нема да се случуваат вакви несакани дефекти - рече директорот Виктор Божиновски.

    Тој објасни дека чистењето на резервоарите на Филтер станицата во декември е вообичаена практика на претпријатието, бидејќи тогаш има најмала потрошувачка на вода.  

    Градоначалнокот и директорот на ЈП „Водовод“ се извинија на граѓаните на Куманово, поради непријатностите што им ги предизвика немењето вода, но ги искараа новинарите дека непотребно ја исполитизирале целата работа.