500x100-1
10. 08. 2010 14:25

Нов топлотен бран оваа недела

Нов топлотен бран оваа недела

Управата за хидрометеоролошки работи за оваа недела најавува уште еден топлотен бран, кој кулминацијата ќе ја достигне в петок со 39 Целзиусови степени.

Топлотниот бран ќе почне денеска во југоисточните делови на земјава со максималната температура од 37, среда 38 и четврток до 39 степени. Во овој период ќе биде високо и штетното ултравиолетово зрачење, со вредност 8.

Лекарите ги повторуваат препораките - да не се излегува од дома во најтоплиот периоди од денот, од 10 до 17 часот, да се носи светла и лесна облека, заштитни очила и капа, кожата да се премачкува со заштитна крема и да се пијат поголеми количини течности. До препораките особено треба да се придржуваат малите деца и повозрасните, како и трудниците и хронично болните, бидејќи тие полесно може да настрадаат од високите температури.