26. 03. 2020 13:14

Нови мерки за заштита од коронавирус донесе Општинскиот кризен штаб

Нови мерки за заштита од коронавирус донесе Општинскиот кризен штаб

Општинскиот штаб за заштита и спасување, денеска оддржа состанок во Општина Куманово, на кој донесе нови мерки и препорача активности за спречување на болеста КОВИД-19 (коронавирус).

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

- Препорака до стопанственици и дистрибутери на автомати за кафе на територија на Општина Куманово да се исклучат од употреба.

- Препорака до правните субјекти (маркети, аптеки и слично) кои и понатаму вршат опслужување на граѓаните во своите деловни простории да започнат со зачестена дезинфекција на внатрешните простории.

-Препорака до сопственици на банкомати на територија на Општина Куманово да вршат зачестена дезинфекција на истите.

- Повторно се бара од Министерство за здраство и Комисија за здравство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово.

- Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk