×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • НСДП: Маневски е жртва на политичка пресметка

    07.03.2010 12:42 | KumanovoNews

    Од Општинската организација на НСДП денеска обвинија дека затварањето на нивниот доскорашен претседател и актуелен советник во Советот на општината Куманово, Зоран Маневски е политички монтиран процес.

    НСДП: Маневски е жртва на политичка пресметка

    Тој е жртва на пресметката на ВМРО ДПМНЕ, поради влегувањето НСДП во опозицискиот фронт и формирирање на пратеничка група со која се окрупнува опозицијата. Ова не е прв пат да се атакува на општинската организација. И за време на вонредните парламентарни избори 2008 година  беа ограбени просториите на организацијата, а сторителите никогаш не биле пронајдени. Ова е очајнички обид на ВМРО-ДПМНЕ со притисок и сеење на страв да ја дефокусира јавноста од огромните проблеми со кои се соочува државата-вели Сунчица Јосифовска, претседателка на ОО НСДП.

    За сретствата во висина од 8000 денари кои биле однесени во партијата, претседателката вели дека се пари од донација за кои партијата издала регуларна сметкопотврда и тука нема ништо спорно. Лицето кое го пријавило поткупот порано доаѓало во партијата, но поради украдените компјутери од партијата не можат со сигурност да потврдат дали бил нивен член.

    Маневски е притворен завчера, под сомнение дека како пазарен инспектор примал мито од сопственик на продавница во населбата Ајдучка чешма за да не пријави пропусти во работењето на неговата фирма.