×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обувки за штитениците во „Порака“

    30.12.2009 14:00 | KumanovoNews

    На лицата со посебни потреби на 18 годишна возраст, сместени во Дневниот центар „Порака“ денеска новогодишни подароци им однесоа пратениците и советници од ВМРО-ДПМНЕ.

    Обувки за штитениците во „Порака“

    Донесовме скромни подароци, по еден чифт зимски чевли, школски прибор и играчки кои ќе им ги разубават празниците - рече пратеничката Дарка Петрушевска.

    Родителите на децата побараа од пратениците во Собранието да помогнат да се изнајде законско решение што ќе ги заштити лицата со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст.

    Јас како родител и претседател на овој Дневен центар, можам да кажам дека им е многу потешко на семејствата кои имаат член со интелектуална попреченост над 18 години,бидејќи еден ден ние родителите ќе заминеме од овој свет, а нашите деца ќе ги оставиме на улица.Дневните центри не треба да имаат возрасна граница и ги молиме пратениците да ни помогнат, за да бидеме среќни и ние и самите деца - вели Благица Димитровска.

    Дневниот центар „Порака“ го посетува 21 корисник со интелектуална попреченост над 18 години, а се финансира со сретсва од донации и со помош на локалната самоуправа.