×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одбележана 80 годишнината од раѓањето на Драган Богдановски

    20.12.2009 23:00 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" беше одбележана 80 годишнината од раѓањето на Драган Богдановски, Кумановец кој целиот свој животот го посветил на борбата за обединета и независна Македонија.

    Одбележана 80 годишнината од раѓањето на Драган Богдановски

    Во чест на Богдановски беше организирана Свечена академија на која беше прикажан филм за делото на Драган Богдановски, а потоа беше промовирана книгата „Обединета Македонија во обединета Европа“ од авторот Ставре Џиков.

    Богдановски треба да влезе во поновата историја,бидејќи се бореше за обединета Македонија. Младите историчари треба да го насочат своето истражување кон лицата кои не и се познати на јавноста,поради затвореноста на досијеата од тогашните тајни служби - рече Никола Анодонов, координатор на Здружението на политички затвореници.

    Авторот на книгата вели дека Богдановски како политички емигрант поминал тежок пат, борејќи се за македонската држава.

    Уште пред 50 години Богдановски ја гледа Македонија обединета и европска - рече Џиков.

    На триесет паноа со фотографии и писма на Богдановски, беше отворена и изложба насловена "Прогонувани, затворани и осудувани за самостојна Македонија. Организатор на манифестацијата беше Народниот музеј - Куманово.

    Драган Богдановски е роден 1929 во селото Клечовце. Неговиот политички ангажман започнува во 1949 година и уште како студент отслужувал затворска казна. По излегувањето емигрира во Јужна Америка, а од 1954 дејствува од Европа. Издавал весници, брошури и натписи посветени за независна Македонија. Постојано бил следен од југословенските тајни служби. Во 1977 година осуден е на 13 години затвор. По ослободувањето во 1990 година заедно со неговите истомисленици ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Починал 1998 година во Данска.