×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општините политизирани и неефикасни

    18.12.2009 23:00 | KumanovoNews

    Граѓаните сметаат дека општините се политизирани и неефикасни и имаат проблем со корупцијата. Во извештајот на ОБСЕ, кој не се базира на факти, туку единствено на перцепцијата на населението...

    Општините политизирани и неефикасни

    Граѓаните сметаат дека општините се политизирани и неефикасни и имаат проблем со корупцијата. Во извештајот на ОБСЕ, кој не се базира на факти, туку единствено на перцепцијата на населението се наведува дека околу 70 проценти од граѓаните сметаат дека вработувањето во општините е политизирано, половина мислат дека има корупција во локалната самоуправа, а третина дека општините се неефикасни, непрофесионални и имаат слаби перформанси.

    Граѓаните гледаат подобрување на услугите од општинската администрација посебно во делот на образованието, урбанистичкото планирање и комуналните служби, се наведува во извештајот.

    Од ЗЕЛС не се согласуваат со констатацијата дека  администрацијата во општините е политизирана. Според општините недостигот на финансиски ресурси, на квалитетни кадри и јасни законски одредби, како и недоволната помош од централната власт, се клучните проблеми за нивно ефикасно функционирање.