×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оставаат работа и одат во странство

    25.10.2010 13:22 | KumanovoNews

    Жители на Кумановско-липковскиот регион оставаат работа за да заминат во странство. Само од јавното претпријатие "Чистота и зеленило" минатиот месец си заминале 15 работници, повеќето биле Роми, но имало и Албанци, а такви случаи имало и во другите јавни претпријатија.

    Оставаат работа и одат во странство

     За разлика од пролетниот бран кога во странство заминуваа цели семејства и бараа азил, сега најчесто на печалба одат само мажи.

    Најголем број од луѓето се од семејства кои немаат постојано вработување или живеат од земјоделство. Сега кога заврши работата во поле тие бараат начин преку зима да заработат некоја пара.Најчесто одат кај свои роднини и пријатели, бидејќи има доста Албанци од липковско живеат во овие земји,и солидарни се да помагаат и да им најдат работа на неколку месеци -вели жител на   Липково.

    Тој тврди дека повеќе нема организиран превоз за азилантите од туристичките агенции, но дека секоја сабота од неколку локации во Куманово тргнуваат редовни автобуси за повеќе  европски градови.

    Тоа се легални линии со дозвола од Министерството за транспорт и врска и затоа никој не може да забрани граѓаните да купуваат карти и да ги возат патниците. Туристичките агенции што на пролет беа затворени, по една недела повторно работеа и не верувам дека некој беше казнет - вели соговорникот.