×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пијан возач усмрти пешак

    29.08.2010 12:54 | KumanovoNews

     Дичко Митковски(53) од населбата Ајдучка Чешма, синоќа загинал во тешка сообраќајна несреќа, откако во него удрил превртен автомобил на магистралниот пат Куманово - Свети Николе во населбата Ајдучка Чешма.

    Пијан возач усмрти пешак

     Несреќата се случила околу 23.00 часот, додека Дичко со својата сопруга Светлана и девојче од  соседството се враќале од прослава на Голема Богородица во населбата Карпош. Додека се движеле покрај коловозот, на нив налетал автомобил „ровер„, кој го управувал Мартин Додевски (29) од истата населба. Тој поради неприлагодена брзина изгубил контрола на возилото, поминал на левата страна и удрил во бетонски столб. Од ударот роверот се превртел и ги подбрал тројцата пешаци. При тоа Дичко се здобил со фатални повреди и починал на лице место, неговата сопруга со полесни повреди, а единаесет годишното девојче поминало неповредено.На возачот му бил извршен аклотест и откриено присуство на 2,41 промил алкохол во крвта.

     Ова е трета потешка сообраќајка во последниве три дена во Куманово. Во петокот навечер во судар на скутер и такси возило во наслебата Добрешане, 19 годишнно момче се бори за живот во Клиничкиот центар во Скопје. Синоќа беше повредена жена кај Автобуската станица, додека одела на свадба во ресторан.