×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По судир на скутер и такси момче се бори за живот

    27.08.2010 14:57 | KumanovoNews

    Во тешка сообраќајна несреќа во населбата Добрешане, синоќа три лица се тешко повредени и едно полесно при судир на мотор и такси возило. 

    По судир на скутер и такси момче се бори за живот

    Возачот на моторот  Стефан М.(20) е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје и се бори за живот, додека Тони А.(19) и Даниел А. се задржани на лекување во кумановската болница, а Бојан Д. е пуштен на домашно лекување.

    Страотната сообраќајка се случила синоќа во 23.30 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај бензинската пумпа „Детоил“, кога директно се судриле мопед „кимко“ и такси возило, кое превезувало патници кон Куманово. Од силината на ударот моторот прелетал преку автомобилот и паднал зад него. При тоа најлошо поминал возачот на моторот Стефан, неговиот сопатник Тони и сопатникот во таксито Даниел се здобиле со тешки повреди.

    Полицијата извршила увид на лице место и работи на откривање на околностите и причините до кои дошла сообраќајката.