×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почнаа подготовките за Ден на дрвото

    04.11.2010 14:29 | KumanovoNews

     Во Куманово започнаа подготовките за одржување на акцијата Ден на дрвото - засади ја својата иднина.

    Почнаа подготовките за Ден на дрвото

    Во Основното училиште „11-ти Октомври„ денеска новоформираниот Клубот за ден на дрвото заедно со претствници од институциите кои учествуваат во реализација на акцијата, одржаа едукатвно предавање на учениците и професотите за значењето на засаденото дрво врз животот на граѓаните. На предавањето  беа присутни по двајца ученици од основните училишта од Куманово на кои им беше демонстрирано како правлно се врши засадувањето на садниците. Младите екологисти имаат обврска стекнатото знаење да го пренесат на нивните соученици.

    На учениците им укажавме на процесот на правилното садење на дрвцата.Целата на оваа средба е младите помасовно да вклучат во акциите за пошумување и самите да иницираат акции за засадување на дрвца во локалната заедница. Истотака како еден од 13-те формирани клубови ќе одржуваме контакти со сите релевантни институции, невладини орагнизации и училишта за постугнување на подобри резултати на еколошки план во Општината-изјави Даница Митевска претседателка на клубот Ден на дрвото засади ја својата инднина .

    На младите активисти воедно им беа поделени флаери и беџеви за акцијата Ден на дрвото-засади ја својата иднина. По завршувањето на едукативното предавање учениците симболично засадија неколку дрваца во дворот на училиштето „11-ти Октомври„.