×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поголема едукација за пријава на мобинг

    23.08.2010 14:54 | KumanovoNews

    Во Македонија се поприсутна е појавата на мобинг,односно малтретирање на работното место во државните институции. Работниците се уште неможат да разграничат што е  мобинг, а што повреда на правдата на работното место. 

    Поголема едукација за пријава на мобинг

    За таа цел пред се потребна е едукација и подигање на свеста кај граѓаните велат стручњаците што ја третираат оваа област.

    Мобингот е континуиран психолошки притисок, односно повторување на постапката во последните 6 месеци  од страна на работодавец  врз вработен или работник врз работник. Во тој случај жртвата може да покрене постапка за мобинг. Кај нас најзастапен е политичкиот мобинг пред се во јавните институции. Притисокот се врши со цел работникот да попушти и да даде отказ на работното место - вели  Гордица Бошковска претседателка на првото мобинг здружение во Македонија. 

    Кај нас не постои законска регулатива која точно го дефинира поимот мобинг. Засега мобингот е во склоп на две одредби во рамките на законот за работни односи. Според правниот советник Бошковска треба да се донесе закон кој ќе ја регулира оваа материја.

    Со донесување на законот за мобинг  јасно се прецизира  поимот, материјата како и тоа какви санкции ќе бидат превземени против моберот.Нашето здружение ја турка оваа иницијатива и драго ми е што постои воља кај синдикатот, а се вклучи и Mинистерството за труд и социјална политика-вели Бошковска.

    Жртвите на мобингот досега не се охрабриле да поведат судска постапка, освен во еден случај. Исто така многу тешко се докажува мобингот поради стравот на колегите што треба да сведочат на работното место како и недостатокот на материјални докази.