×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Премиерот не дојде во Куманово - доби ќерка

    04.02.2010 21:46 | KumanovoNews

    Премиерот Никола Груевски вечерва не дојде на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, бидејќи доби уште една ќерка. Вицепремиерот Зоран Ставревски на присутните во преполната сала во хотелот Кристал им соопшти дека премиерот поради приватни обврски нема да присуствува на закажаната средба со граѓаните.

    Премиерот не дојде во Куманово - доби ќерка

    Како кум сакам да ви соопштам дека вечерва премиерот нема да дојде, затоа што има неодложна обврска, чека принова. До пред еден час бевме заедно во Ѓорче Петров, но тој мораше да замине дома . Ние ќе почнеме со работа, па кога ќе не викнат на славење ќе одиме сите заедно - рече Ставревски.

    Веста беше со одушевување и аплауз беше прифатена од присутните, иако дел од граѓаните беа разочарани поради отсуството на лидерот.

    Во текот на трибината, кумот ја објави радосната вест дека се родила Софија Груевска.