×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Претседателот Иванов во посета на касарната „Боро Менков“

    01.01.2010 15:42 | KumanovoNews

    Претседателот Ѓорѓе Иванов во Новата 2010 година ручаше војнички грав во кумановската касарна ,,Боро Менков,,.Новогодишната честитка врховниот командант на армиските сили ја донесе лично и ја упати до сите припадници на АРМ, особено до мировниците кои се надвор од државава.

    Претседателот Иванов во посета на касарната „Боро Менков“

    Овој ден секогаш е полн со надеж и исчекувања и затоа очекувам во 2010 нашата армија да биде дел од НАТО и конечно сите оние реформи и сето она што е направено да биде верификувано со тој чин. На сите граѓани на РМ им ја честитам Новата година и посакувам годината да им биде успешна и во приватниот живот - изјави претседателот  Иванов.

     Претседателот на војниците им подари ЛЦД телевизор. Денешната посета на Здружената оперативна команда е првото доаѓање на претседателот Иванов во Куманово од почетокот на неговиот мандат.