Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против З.М.(53) пазарен инспектор од Куманово под сомнение дека строил кривично дело примање поткуп. Според СВР Куманово инспекторот ја злоупотребил својата службена положба и минатата година побарал 200 евра од Д.Т.(24) газда на приватна фирма во Куманово за да не ги пријави неправилностите во неговото работење.
Притоа му се заканил доколку не му ги даде парите дека ќе му го затвори дуќанот.
Во октомври минатата година Д.Т. оставил 8000 денари во канцеларијата на политичката партија во која членува и З.М., а вчера во работните простории на З.М. му ги предал останатите 4000 денари. Парите биле обележани од полицијата и при претрес полицијата, а инспекторот бил приведен. Истражен судија од Основниот суд му одредил притвор од 30 дена.