500x100-1
27. 08. 2010 13:03

Продолжен рокот за упис во средните училишта

Продолжен рокот за упис во средните училишта

Oткако и во вториот упис не се пополниле слободните места., училиштата го продолжилее рокот за упис на полуматурантите во општинските средни училишта.

Учениците што сеуште не се запишале во едно од четирите средни училишта во градот, тоа можат да го сторат до 31 август. Продолжен е рокот за упис на полуматурантите во општинските средни училишта, откако и во вториот упис не се пополниле слободните места. Така учениците  имаат уште една шанса за продолжување на образованието во средношколските клупи. Земајќи во предвид дека до почетокот на новата учебна година има помалку од една недела, полуматурантите треба да донесат одлука каде ќе продолжат да учат. Од општинското одделение за образование на Куманово ги потсетуваат родителите дека средното образование е задолжително. Оние кои нема да ги запишат децата може да се соочат со парични казни од 800 евра.