×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Проект на ЦИД „Активно граѓанство за меѓуетничка соработка„

    26.10.2010 06:57 | KumanovoNews

     Центарот за меѓукутурен дијалог од Куманово денеска на прес конференција ќе го промовира  проектот “Активно граѓанство  за меѓуетничка соработка” , кој се реализира во соработка со УНДП.

    Проект на ЦИД „Активно граѓанство за меѓуетничка соработка„

     Проектот има за цел да создаде основа за одржлив меѓу-етнички дијалог со негувањето на меѓусекторски вмрежување меѓу јавниот сектор и граѓанското општество од Куманово. Проектот е финансиски поддржан од страна на УНДП, како дел од заедничката програма на ОН “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците”.

    За време на реализацијата на проектот, ќе се работи на подобрување на  односите меѓу заедниците во Куманово. Фокус на оваа платформа е Комисијата за односи меѓу заедниците и вклучување на други важни локалните чинители: Советот на општина Куманово, локалните институции, граѓанските организации. Комисијата за односи меѓу заедниците е важна појдовна точка која ќе ги  собере сите заинтересирани чинители и да се создаде меѓу-секторска соработка опфаќајќи ги вредностите на промовирањето на меѓуетничките односи.

    На прес конференцијата присутни ќе бидат претседателот на Совет на општина Куманово Виктор Цветковски и преседателот на Комисијата за односи помеѓу заедниците Богдан Таневски  и претставници од ЦМД.

    Прес конференцијата започнува во 14.00 часот  во Касапки круг , ресторанот „ Фра Ѓорѓо„.