×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана отворената царинска линија за пријавување на корупција

    09.04.2021 16:47 | KumanovoNews

    На граничниот премин Деве Баир, на македонско-бугарската граница, денеска беше промовирана отворената царинска линија за пријавување на корупција, од страна на директорот на Царинската управа Горан Сугарески и вицепремиерот задолжен за борба против корупција, оддржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

    Промовирана отворената царинска линија за пријавување на корупција

    Директорот Сугарески потврди дека Царинската управа континуирано собира информации од учесниците во царинските постапки, со давање на гаранција за анонимност преку отворената бесплатна царинска линија 197, која се одвива преку криптирана апликација, пришто е невозможно да се избришат или променат записите во неа.

    Вицепремиерот Николовски посочи дека борбата со корупцијата и криминалот подразбира активна вклученост и соработка од сите надлежни антикорупциски институции.

    „Царинската управа е една од институциите којашто успешно работи на превенција од корупција и криминал,  преку автоматизација и дигитализација на процесите и намалување на личниот контакт помеѓу царинските службеници и граѓаните. Од особена важност е и бесплатна царинска линија 197, којашто е отворена за пријавување на корупција, судир на интереси и злоупотреба на службени овластувања“, рече Николовски.

    (Ж.Ц.)