×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирано новото раководство на ВМРО-НП

    07.05.2010 14:32 | KumanovoNews

    Елизабета Симоновска,директорка на Детскиот центар „Вавилон„ е новиот претседател на општинскиот Комитет на ВМРО-Народна Партија. Симоновска доаѓа на местото на Миле Јакимовски, кој е избран за генерален секретар на партијата.

    Промовирано новото раководство на ВМРО-НП

    Ми претставува голема чест, но и обврска во наредниот период да го водам огранокот. Се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба  на претседателот и членовите на ИК. Заедно со моите соработници ќе дадеме повеќе простор на младите и ќе работиме на омасовување на партијата и враќање на членството во нашите редови- рече Симоновска.

    За секретар на општинскиот комитет е избран Христијан Спасовски, а за претседател на унијата на млади Дијана Тренчевска. Промоцијата на новото локално партиско раководство ја изврши лидерот Марјан Додовски.

    Верувам дека општинскиот комитет во Куманово ќе биде еден од водечките на централно ниво и на следните парламентарни избори, независно дали ќе бидат редовни или вонредни ќе имаме еден пратеник од Куманово - порача Додовски.

    Досегашниот претседател Миле Јакимовски истакна дека ВМРО-НП е сериозна партија која има визија за иднината на државата.

    Додека одредени партии по една годин не можат да изберат раководство или се во поделби и фракции кај настоа поминува во свечена атмосфера и за нас тој ден е празник - рече Јакимовски.