×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Разбојник нападнал мајка и ќерка

    06.11.2010 09:28 | KumanovoNews

     Мајка и ќерка, завчера, среде бел ден, на улица во Куманово биле нападнати од разбојник, при што им украл златно ланче. Во моментот кога се обидел да избега бил уапсен од двајца полициски инспектори.

    Разбојник нападнал мајка и ќерка

    Станува збор за Горан Д.(28) од Скопје, против кој ќе биде поднесена пријава. Полицијата ја испитува неговата евентуална вмешаност и во други вакви дела кои во изминатите месеци се случувале во Куманово и Скопје. М.Д.(44) и нејзината малолетна ќерка додека се движеле по улицата 11 Октомври, биле пресретнати од Горан, кој со едната рака ја фатил мајката за врат, а со другата почнал да и го кине златното синџирче. Кога нападната се обидела да се одбрани, тој ја удрил, и жената паднала на земја. Во тој момент ќерката почнала да вика и да бара помош. Тогаш напаѓачот и неа ја бутнал на земја и почнал да бега. Повикот за помош го слушнале двајца инспектори што се нашле во непосредна близина, и го упасиле.