×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ бара Матично да работи и за викенд

    15.03.2010 12:32 | KumanovoNews

     По објавување на информацијата дека во Куманово нема венчавки за време на викендите, денеска со соопштение реагираше општинската организација на СДСМ Куманово.

    СДСМ бара Матично да работи и за викенд

     -Во сите градови во Македонија, па и во Куманово вообичаено е венчавките да се вршат на денот на свадбената церемонија, која по традиција се изведува за време на викендите.  Но, откако Управата за водење на матични книги премина под надлежност на Министерството за правда, матичарите немаат надоместок за прекувремена работа т.е. за деновите на викенд кога доаѓаат од дома за да венчаваат. Згора на сето тоа венчавките во Куманово ги врши  само еден матичар, и физички е неизводливо истиот да работи седум дена во неделата, без ниту еден ден одмор, се вели во соопштението.   

     Поради новонастанатата состојба, од партијата до надлежните ги поставуваат следниве прашања:

     –Дали престанувањето на вршење на оваа работна задача на матичната служба за време на викендите е произлезена од несоодветното организирање на работните активности од страна на новоназначениот раководител на Управата за водење на матични книги?

     -Доколку прoсекот за венчавки во текот на еден викенд беше околу 20, како тие венчавки ќе се организираат само во еден ден, петок?

     -Свесни сме дека Матичната служба работи од понеделник до петок, но свесни сме и на традицијата дека венчавките во најголем број се организираат за време на слободните денови и токму затоа застануваме во инетерс на нашите сограѓани и бараме одговор од Управата за водење на матични книги. Дали гараѓаните на Kуманово се должни да ги трпат последиците од нивната неорганизираност и неможност да најдат начин како да си ги извршуваат работните задачи за кои плата примаат токму од нив?

     - Многу вакви поплаки од стрна на сограѓаните стигнаа на адреса и на нашата советничка група и во однос на тоа јавно кажуваме дека советниците при Советот на општина Куманово немаат никаков удел во неизвршувањето на венчавките, туку тие се секогаш на располагање на граѓаните, а „бојкотот“ е од старна на Управата за водење на матични книги.

     За решение на проблемот од СДСМ предлагаат на матичарите или да им се испалаќа надомест за прекувремената работа или да добиваат слободни денови за работата преку викенди.