×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ организираше хуманитарен коктел

    30.12.2009 11:46 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ по повод Новогодишните празници организираше хуманитарен коктел. Членовите и симпатизери на партијата, заедно со своите гости собраа помош за потребите на Црвениот крст во Куманово.

    СДСМ организираше хуманитарен коктел

    Овој коктел го одржуваме секоја година и при тоа нашите членови донираа, сретства, облека, обувки и сета друга помош за луѓето на кои таа им е неопходна. Помошта ќе биде поделена на семејствата кои се социјално загрозени. Новогодишните и божичните празници се време кога треба да се помогне на луѓето, кон кои животот е  суров - рече претседателката Снежана Захариева.

    Собраната помош беше предадена на секретарот на Црвениот крст Иле Митковски.

     Во пресрет на празниците, претставнички на СДСМ го посетија и Дневниот центар за лица со хендикеп „Порака“, каде однесоа подароци и новогодишни пакетчиња.