Се одржа Општински турнир во шах, најдобрите ученици се пласираа на Државното првенство
Во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ – Куманово, се одржа Општинскиот турнир во шах за основните училишта, организиран од Општинскиот сојуз на училишни спортови во соработка со Градскиот шаховски клуб Куманово, по повод 11 Ноември – Денот на ослободување на градот.
Најуспешните шахисти се закитија со златни медали и обезбедија учество на Државното училишно првенство.
Во машка конкуренциај: Сергеј Станковиќ – 3 одд., ОУ „Крсте Мисирков“ Куманово (категорија 1–3 одд.), Глигориј Павловски – 4 одд., ОУ „Крсте Мисирков“ Куманово (категорија 4–5 одд.), Михаил Милановски – 6 одд., ОУ „Браќа Миладиновци“ Куманово (категорија 6–7 одд.) и Габриел Марковски – ОУ „Христијан Карпош“ Куманово (категорија 8–9 одд.), во машка конкуренција.
Во женска конкуренција најдобри со освоени први места се: Луна Јањевиќ од (1 до 3 одделение), Нина Павловиќ од (4-5), Теодора Трајковс (6-7) и Андријана Зафировска (8-9)
На турнирот учествуваа 84 ученици, распределени во две натпреварувачки групи: од прво до петто одделение и од шесто до деветто одделение. Се играше по швајцарски систем во 7 кола, согласно правилата на ФИДЕ за забрзан шах (рапид), со темпо од 10 минути по играч и додаток од 5 секунди по потег.
Право на учество имаа сите пријавени ученици од 1 до 9 одделение од основните училишта во општината. Натпреварувачите беа поделени во четири категории: 1–3, 4–5, 6–7 и 8–9 одделение, а во секоја категорија се доделуваа медали за прво, второ и трето место во машка и женска конкуренција.
Организаторите ја пофалија масовноста и интересот кај младите шахисти и најавија дека Општината ќе продолжи да го поддржува развојот на шахот во училиштата.

