×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Северина погдотвена за одлична журка

    31.12.2009 15:16 | KumanovoNews

    Се радувавме на оваа гостување затоа што сакаме да ги посетуваме местата на кои што досега не сме свиреле. Сакам да видам како луѓето пеат со нас, така да вечерва ќе уживаме и да мислам дека тоа ќе ни биде едно ново искуство.

    Северина погдотвена за одлична журка

    Ќе пееме буквално се. Не знам дали ги знаете сите мои песни, дали тоа беа хитови кај вас, но ќе ги пеам сите песни, од мојот прв па се до последниот албум - рече Северина Вучковиќ на денешната прес конференција во Општината Куманово.

    Северина летово пеела во Прилеп, а пред седум години пеела во Универзалната сала во Скопје.

    За мене тоа беше еден од најдобрите концерти, дури и една од најубавите сали во кои настапував, а еве сега за прв пат пеам во Куманово - вели Севе.

    На прашањето каков ќе биде нејзиниот стајлиг и дали на задоволство на машкиот дел на публиката на сцената ќе се појави во мини здолниште Северина одговори:

    Мислев дека ќе биде ладно и дека ќе има ниски температури, но изгледа дека се зезнав, не понесов мини здолниште. Можеби ќе им се допаднам и така на машкиот дел од публиката, кој знае, јас ќе им се смејам па ќе видиме - рече хрватската звезда.

    Северина ќе пее од 23 до 1 часот по полноќ, пред неа ќе има тамбураши и трубачи, а по неа музика ќе пуштаат ди-џеји од градот.