×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Си ги скршиле главите со стапови

    08.11.2010 08:06 | KumanovoNews

     Шест лица завршиле во болница по масовна тепачка помеѓу две семејства од соседни маали во липковското село Лојане.

    Си ги скршиле главите со стапови

     Двајца од повредените поради сериозноста на раните, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, а останатите се задржани на лекување во кумановската болница.

    Селската пресметка се случила во саботата околу 14 часот и во неа учествувале: Џeљадин Н.(49), Аријан Н.(20) и Азми Н.(16) од една страна и Агим Б.(39) и Ибраим Б.(23) од друга страна, сите од селото Лојане. Неа ја предизвикале Аријан и Агим, кои прво се скарале за банална работа, а потоа почнале и физички да се пресметуваат. Тогаш на помош им притрчале и во тепачката се вклучиле и останатите од семејствата. Тие се удирале со стапови и си нанеле сериозни повреди. Најлошо поминале Агим и Џељадин кои со повреди на главите се оперирани во Скопје.

    Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово, при што се пронајдени и подигнати 5 дрвени стапа, 1 рачен часовник и траги од крв, кои ќе се достават на вештачење. СВР-Куманово презема мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за тепачката.Извори од болницата велат дека тепачката била толку масовна што кај нив биле донесени и повеќе лица што се здобиле со полесни повреди и по укажаната лекарска помош биле пуштани дома. Повредените во болницата останале со полициска придружба.