×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со низа свечености ќе се одбележи Денот на Општината Старо Нагоричане

    03.11.2010 12:16 | KumanovoNews

     Во организација на градоначалникот и Советот на Општината Старо Нагоричане свечено ќе биде одбележан 11 ноември – Денот на ослободувањето на Општината.

    Со низа свечености ќе се одбележи Денот на Општината Старо Нагоричане

     По тој повод во вторник  на 9 ноември, свечено ќе бидат пуштени во употреба водоводот во селото Облавце и првата фаза од асфалтираниот пат Старо Нагоричане - Никуљане.

    Во среда Општината ќе се претстави на саемот „Агрофуд„ на Скопскиот Саем во Хала 3.

    На празникот во четврток во О.У. „Светозар Марковиќ“ градоначалникот ќе ги прими и ќе им се обрати на најдобри ученици од Општинските основни училишта, по што ќе следува видео презентација на Општина Старо Нагоричане. Во 14 часот е закажана Свечена седница на Совет на Општина Старо Нагоричане, при што ќе бидат доделени Ноемвриски награди за 2010 година.

    Прославата на Денот на Општината ќе заврши со Културно уметничка програма во изведба на ученици од Општинските основни училишта. На прославата се поканети гости од општините партнери на Старо нагоричане и збратимените градови, како и претставници на општествено-политичкиот живот во државата.