Собранието ги одложи пописот и локалните избори

02.04.2021 - 22:41

Собранието вечерва ги усвои законските измени за одложување на пописот од април за септември, а на локалните избори од првата за втората половина на октомври.

Собранието ги одложи пописот и локалните избори

По дводневна расправа, Собранието ги изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, по скратена постапка и измените и дополнувањата на Изборниот законик со којшто се предвидува воведување на терминали за отисок од прсти на локалните избори што се одложуваат за втората половина на октомври.

За измените на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите гласаа 95 пратеници, а против беа 12. Немаше воздржани.

Со ист број на гласови беа усвоени измените на Изборниот законик со кој се одложија локалните избори од првата за втората половина на октомври, а се изгласа и да се користат терминали за отпечатоци од прст на изборите.

Измените беа договорени на лидерската средба на Заев и Мицкоски во понеделникот.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk