09. 01. 2010 14:03

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

Сообраќајот се одвива по влажни коловози

На сите магистрални и регионални патни правци низ државата  сообраќајот се одвива без забрани, застои и ограничувања. Коловозите се наместа влажни, особено низ клисурите и осојничавите места, информираат од Авто Мото Сојузот на Македонија.

На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината на моменталните услови и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Особена внимателност низ клисурите, каде е почеста појавата од поситни одрони и лизгања на земјиште.

Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk