Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајците во вторник нема да протестираат пред Владата. Причината е немање финансиски средства со кои ќе треба да се плати превозот до Скопје. Претставници на стечајците во понеделник ќе се сретнат со Евро - Амбасадорот Ерван Фуере за да му ги соопштаат своите барања.
Не сакаме партите да ни обезбедат пари за пат. Кога ќе успееме да прибере средства тогаш ќе излезме на протести, инаку имаме закажана средба со Ерван Фуере, од кого добивме подршка за остваување на нашите права. Се надевам дека ќе има позитивни резултати по средбата - вели Лијлана Георгиевска од УНИТ.
По серијата протести, стечајците најавија порадикални мерки. Кон крајот на март ќе постават шатори пред Владата и нема да се тргнат од таму, се додека не се затвори нивното прашање.