×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците добија 50 кебиња

    16.12.2009 23:00 | KumanovoNews

    Работниците потенцираа дека им е студено и сметавме и дека на оние кои штрајкуваат со глад не мора и да им студи. Треба да се искаже човечка солидарност секогаш и затоа ако е потребно ќе донесеме лекови кои не се на листата, а ќе организираме и бесплатна правна помош за стечајците.

    Стечајците добија 50 кебиња

    Стечајните работници кои штрајкуваат со глад во Куманово денеска ги посетија претставници од Институтот отворено општество Македонија и им донесоа 50 кебиња.

    Работниците потенцираа дека им е студено и сметавме и дека на оние кои штрајкуваат со глад не мора и да им студи. Треба да се искаже човечка солидарност секогаш и затоа ако е потребно ќе донесеме лекови кои не се на листата, а ќе организираме и бесплатна правна помош за стечајците. Мислам дека државните институции не можат да останат глуви на штрајкот особено што не се работи за толку голем и несовладлив финасиски залак за да се овозможи овие луѓе да си ги оставарат правата - вели Владимир Милчин.

    Тој смета дека е егоистична и алчна нашата власт кога не сака да го реши проблемот на социјално најниската категорија на луѓе.

    Стечајците штрајкуваат веќе 12 дена и досега никој од власта не ги посетил. Постојано се под лекарства поради нарушеното здравје, но велат дека нема да се откажат од штрајкот се додека не се реши нивното прашање.