×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стечајците и за Божиќ на штрајк

    06.01.2010 13:15 | KumanovoNews

    Новогодишните и божиќните празници стечајните работници од повеќе градови од државава ги поминаа во студената просторија во зградата на поранешниот комитет.

    Стечајците и за Божиќ на штрајк

    Триесетина стечајци месец дена штрајкуваат поради неисполнувањето на нивното  барање - да се донесе закон за материјално згрижување на лицата со 15 години работен стаж, 50 годишна возраст за жени,односно 53 за мажи. Иако се револтирани од  игнорантскиот однос на власта сепак се надеваат дека во Новата година проблемот ќе биде решен во нивна корист.

    Утрово купивме лепче со паричка за да видиме кој од нас ќе има најмногу среќа во Новата година. Но како што сме баксузи цела година, така и денеска во лепчето воопшто немаше паричка - раскажуваат стечајците.

    Тие јавно му упатија честитка за Новата година на премиерот Никола Груевски и посакаа тој да најде разбирање за нивните маки.

    За решавање на статусот на овие граѓани согласно законот потребни се 1,5 милиони евра буџетски пари.