×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Стратегија за поквалитетно образование

    18.08.2010 14:21 | KumanovoNews

    Секторот за образование изготви нацрт стратегија за развој на образованието во регионот.

    Стратегија за поквалитетно образование

    Проектот предвидува поорганизиран пристап кон прифаќање, организирање и менаџирање на правните субјекти и надлежните во образовниот систем во Општината за периодот од 2011 до 2016 година.

    Повеќе од месец и половина расправавме за изготвување на нацрт-стратегијата за развој на образованието во нашата Општина за наредните пет години. На расправата имаше пет различни трибини во кои беа вклучени граѓаните со свои забелешки и сугестии.Сите можат да дадат свои предлози на сајтот на Општината кои ќе се разгледаат, а оние најуспешните ќе се применат во изготвување на стратегијата која потоа ќе се усвои и реализира. Планирано е да се постави предлог верзија на овој документ кој ќе биде надополнет со сите забелешки од јавната расправа. За среќа образованието сеуште е од висок интерес од страна на граѓанството. Се изготви и акционен план за првите две години во кој ќе се забележани конкретните мерки и активности според динамиката и извршителите и како тие да се реализираат во наредните пет години - објаснува Миле Стојменовиќ раководител на секторот за образование во Куманово.

    Оваа стратегија ќе биде како рамка која ќе покаже систематски приод кон развојот и унапредувањето на образованието за периодот од 2011 до 2016 година.