×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свети Никола Чудотворец

    18.12.2009 23:00 | KumanovoNews

    Св. Никола Мирликиски Чудотворец е важен лик во христијанската религија. Потекнува од областа Мира во Ликија. Роден е кон крајот на III век, учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој проповедал друго верување.

    Свети Никола Чудотворец

    Св. Никола Мирликиски Чудотворец е важен лик во христијанската религија. Потекнува од областа Мира во Ликија. Роден е кон крајот на III век, учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој проповедал друго верување.

    Доживеал длабока старост и умрел во 343 година. Бил погребан во Мира, а подоцна пред налетот на Исламот со многу свечености неговите мошти биле пренесени во Бари, Италија во 1087 година, поради што и овој датум се смета за празник на Св. Никола.

    Култот за Св. Никола е познат од  VI век, а најстарото житие за него потекнува од IX век. Важел за заштитник на целото население и од целиот свет поради што високо го ценат не само православните, туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, кои како што стои во некои записи го викале “Ад‘рбаба“.

    Во народните преданија најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и патниците што патувале со нив. Затоа пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода, зошто се верува дека тој многумина спасил уште додека бил жив. Во преданието се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил исполнет со верба кон Бога и што го молел, го назначил за заштитник на морепловците. Забележано е дека на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а морепловците што тој ден ќе се најделе на море запирале и го празнувале Св. Никола.

    Црквата „Свети Никола„ во Куманово, попозната како Стара цркава денеска го слави својот патронен празник. Утринава е одржана светата архиерејска литургија со која ќе чиноначалствувал, митрополитот Кумановско-Полошки господин Кирил. Празникот „Свети Никола„ е еден од најголемите православни празници  заштитник на градот и најмасовна домашана слава на Кумановци.