×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Светски ден на Црвен крст

    08.05.2010 09:13 | KumanovoNews

     Денеска се одбележува 8 мај Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

    Светски ден на Црвен крст

     По тој повод под мотото “Влезете во светот на хуманоста“ Црвен крст Куманово денеска организира повеќе активности.

     Во Куманово оваа година се одлучивме со Клубот на младите да одржиме едно предавање за сексуалната ориентација и проблемите со зависностите. Тоа ќе се одржи денеска во 15 часот во просториите на Црвениот крст, а исто така денешниот ден ќе го искористиме за подготовки за Изборно собрани на клубот на млади - вели Иле Митковски, секретар на Црвениот крст.

     Истовремено ќе биде одржана и показна вежба за користење на шаторите на терен во вонредни услови.

    На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст.